• ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ - 94 епизода



    Михримах доаѓа до Есмахан со прашање – зошто го фрлила писмото од Бали Бег кај робинките? Михримах вели дека таа им рекла на робинките дека тоа писмо од Бали Бег е напишано за Есмахан, а не за неа. Есмахан и наредува на Михримах да си оди. Михримах како одговор и вели на Есмахан да не и излегува пред очи или во спротивно ќе се крени голем срам за неа.

    Хурем и наредува на Шах да не се меша во работите на харемот. Таа нема да дозволи да се кршат правилата на харемот. Потоа Хурем наредува сите робинки да го вратат златото кое го зеле и од сега па натаму никој без неа не смее да подели ниту еден денар. Шах се оправдува дека само сакала да помогни. Таа ги советува робинките да се молат за Хурем што побрзо да им ја исплати платата.

    Кај Султанот пристигнува кримскиот хан Саип Гирај. Тој наведува дека Рарес успеал да избега. Бали Бег му вели на Султанот дека неговите војници го ограбиле соседното село и локалните жители се жалат поради тоа. Султанот наредува под итно да се казнат виновниците. Селим е присутен за време на казната. Сите го гледаат и се прашуваат дали ќе издржи гледајќи толку крв. Рустем го утешува Селим велејќи му дека и тој кога бил на негова возраст се плашел од крв, но со текот на годините се навикнал на тоа. Селим го моли Рустем да му помогни за неговиот татко во него да види достоен наследник. Рустем му ветува дека секогаш ќе биди покрај него.

    Сулејман добива писмо од Хурем кое е полно со многу љубов и копнеж.
    Во тој момент, Хурем се обидува да најде некакво решение за проблемот со парите. Таа ја повикува Ракел и и вели дека парите се украдени. Хурем ја испитува Ракел дали таа разговарала со некој во врска со парите. Ракел сугерира дека причините за кражбата треба да се бараат во харемот. Хурем не дозволува таква можност. Потоа Хурем ја прашува за ново злато а таа ја одбива велејќи дека не е во можност да обезбеди толкава голема сума.

    Во харемот се крева узбуна – девојките сакаат да си ја добијат платата. Диана со нејзините закани воведува ред. Ракел ја советува Хурем да позајми злато од венецијански трговци. Сумбуљ се обидува да ја посоветува Хурем да не бара злато од нив бидејќи Турците се во војна со Венеција. Хурем се надева дека ќе можи да го врати долгот пред да се врати Султанот.

    Хатиџе повторно налетува на некоја гатачка. Таа ја моли да и помогне за да го најде гробот на Ибрахим . Паметната жена и одговара дека само срцето може да и го каже патот до гробот на нејзиниот маж. Таа и дава на Хатиџе молитва која треба да ја чита, а потоа во сон ќе и се прикаже патот.

    Хурем наредува да се казнат робинките кои се незадоволни од состојбата во харемот така што ќе ги камшикуваат со стап и потоа ги фрлат во зандана. Нека тоа биде предупредување до сите за да не помислат да кренат бунт. Нигар во името на Шах ја плаќа робинката која ги охрабри робинките за да се побунат.

    Мустафа и Ташлиџали ги осудуваат пиратските напади на трговските бродови. Мустафа предлага да се изгради бродоградилиште во Алање додека главната флота е во борба. Ташлиџали го советува прво да побара одобрение од Султанот.
    Махидевран гледа дека Ајше е тажна. Причината за тоа е затоа што Мустафа не ја повикува на средба. Махидевран одлучува дека е време да се најде нова миленичка за неговиот син. Во тој момент, Румејша го гледа Мустафа.

    Платената робинка на Шах убива една девојка од харемот. Таа е една од тие која Хурем нареди да се казни. Хурем им наредува на Афифе и Сумбуљ до утре да истражат и да испитаат се што се случило. Ако не се пронајди убиецот на девојката, таа ќе ги избрка сите робинки од харемот.

    Хатиџе сонува сон во кој го гледа местото каде што е закопан Ибрахим.

    До следното утро, Сумбуљ го пронаоѓа убиецот, но девојката која е обвинета се колни дека таа не го направила тоа. Хурем сваќа дека повторно некој ја наместил. Таа наредува девојката да се испрати во некое далечно село и да и се обезбеди се што и треба. Хурем сака да ги надигра своите непријатели – сите нека мислат дека убиецот е казнет.

    Султанот го приведува братот на Рарес. Султанто го назначува како владетел на Молдавија. Гласник донесува писмо од Принцот Мустафа. Тоа писмо оди во рацете на Рустем Паша. Махидевран го предупредува нејзиниот син дека нема право да изгради или користи флота. Мустафа ја уверува дека тој му испратил писмо на Султанот за да побара дозвола за отворање на бродоградилиште во  Алање. Махидевран додава дека Хурем нема да ја пропушти оваа можност за да го отстрани него. Мехмет и одговара дека во неговите вени тече крвта на освојувачот Мехмет и тој нема да ја наведне главата пред никого.

    Хурем со нејзината ќерка зборуваат за состојбата во харемот. Михримах ја прашува кој се нејзините непријатели – Шах и Хатиџе? Хурем и одговара дека нејзините главни непријатели се Мустафа и Махидевран.

    Махидевран го моли нејзиниот син да биде внимателен бидејќи Хурем чека прилика за да се ослободи од него. Мустафа вели дека тој е во состојба да се одбрани. Махидевран вели дека ќе го заштити и дека ќе направи се за него.

    Хурем и објаснува на Михримах дека ќе дојди време кога Мустафа нема да им даде ни капка вода неа и на нејзините браќа. Михримах се колне дека ќе биде покрај неа и дека ќе ги поддржува сите нејзини постапки.

    Хурем се позајмува од венецијанска жена и им ја поделува платата на девојките. Таа потпиша документ во кој е прикажана позајмената сума. Посетата на венецијанската жена ја забележува Мерџан Ага.

    Синот на капетанот Реиз – Хасан, му донесува писмо на Султанот од неговиот татко. Капетанто вели дека тој бил поразен од голема флота, која била собрана од страната на Андреа Дори. Непријателската флота била многу поголема и посилна од таа на Османлиите и насоката на ветерот не бил во корист на Османлиите. Капетанот Реиз им наредил на морнарите да се молат за ветерот да стивне. Господ ги слушнал нивните молитви. Поради тоа, турската флота освоила голема победа кај Первез. Непријателот бил победен и потоа побегнал.

    Хурем го продава својот имот за да го плати долгот. Таа му наредува на Сумбуљ веднаш да ја повика венецијанската жена и да се спогоди со неа. Сумбуљ вели дека секој ден го очекуваат пристигнувањето на Султанот. Нигар ја информира Шах дека Хурем го продала својот имот.

    Венецијанската жена доаѓа во палатата и ја прашува каде е нејзината обврзница. Таа и одговара дека обврзницата ја испратила во палатата бидејќи и пристигнала наредба од самата неа – Хурем.

    Хурем оди кај Шах и од неа го бара документот (обврзницата). Шах започнува да врши притисок на Хурем прашувајќи ја како можела да позајми злато од нивната непријателска држава. Шах и вели дека се ќе му каже на Султанот и потоа тој ќе донесе одлука за судбината на оние кои ја доведуваат во прашање честа и достоинството на Династијата.

    Ебу Сууд го известува Султанто дека во Истанбул дошол нов проповедник - Машуков, кој погрешно го толкува Куранот. Султанот наредува, Машуков да се протера од градот.

    Махидевран и наредува на Фидан да ги избере најубавите девојки за Принцот Мустафа и потоа да припреми забава за него. Румејша го слушна нивниот разговор. Ташлиџали се грижи што сеуште нема пристигнато одговор од Султанот во врска со бродоградилиштето, а во меѓувреме неговата изградба е во полн замав. Румејша се припрема за вечерашната забава. Таа ја лаже Фидан дека Махидевран и наредила да учествува на забавата. Румејша на сите начини се обидува да го придобие Принцот Мустафа. Во тој момент се открива нејзината измама и Махидевран смета дека не е потребно да ја казни – нека го забавува нејзиниот син.

    Румејша и ветува на Фидан дека не само што ќе стане љубовница на Принцот Мустафа туку и мајка на неговите деца. Меѓутоа, Мустафа се одлучува за друга девојка.

    Хурем бара начин за излез од ситуацијата во која се наоѓа. Диана и предлага решение како би ја нападнале Шах и потоа би ја натерале да го предаде документот (обврзницата) а доколку одбие да го направи тоа, да ја убијат.

    Шах одлучува да оди кај Султанто во Едрене што е можно побрзо за да го информира Султанот за срамниот чин што го направи Хурем. Хурем дознава за оваа намера на Шах и одлучува да и го пресече патот и да и го украде документот. Шах патува кон Едрене, придружувана од Ѓулфем. Тие две очекуваат дека се ближи смртта на Хурем. Кочијата во која се возат Шах и Ѓулфем ја напаѓаат разбојници по наредба на Хурем. Тие го бараат документот (обврзницата), но Шах не ја дава. Во тој момент, разбојникот се заканува дека ќе ја убие Ѓулфем. Шах е присилена да го предаде документот (обврзницата).

    Шах пристигнува кај Султанот. Таа се жали дека некој ја нападнал и сакал да ја убие. Султанот ја прашува зошто воопшто се упатила на толку долг пат. Шах му одговара дека сакала лично да му предаде еден важен документ кој го докажува големото предавство на Хурем
    .

    http://www.facebook.com/MY.Velicestveniot


    Facebook Comments