• ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ - Преглед на 94 епизода



    Хурем ја спречува Шах во делењето пари на робинките.

    Хурем се обидува да ја заштити својата моќ во харемот и не се грижи за ништо друго. Сулејман во Богдан, а Барбароса во Первезе постигнува сензационална победа. Принцот Мустафа ја загрозува својата иднина со одлуката која ја донесува.

    Играта на Шах Султан ја притиснува Хурем во ќош. Хурем прави голема грешка и влегува во тесна улица од која нема враќање. Хурем е нервозна поради тоа што Шах им дели пари на робинките и наредува сите пари да бидат вратени. Напнатоста во харемот ќе предизвика Хурем да преземи драстични мерки.

    Хатиџе бара решение за да го пронајде гробот на Ибрахим. Таа гледа еден сон што прави да ја наведе кон Нигар. Нигар продолжува да работи против Хурем. 

    Сулејман се враќа со триумфална победа во Богдан. Барбароса освои голема победа против флотата на Первезе. Принцот Мустафа донесува одлука опасна за безбедноста на Средоземното море. Неговиот бестрашен став ја загрижува Махидевран, но Мустафа е уверен во неговата одлука. Писмото, кој тој му го испраќа на неговиот татко стигнува во погрешни раце и поради тоа неговиот живот е ставен во опасност.

    Шах Султан ја опкружува Хурем од сите страни и ја насочува во стапицата која и ја постави неа. Хурем се обидува да ја спречи таа игра, но нејзината грешка ќе ја доведе до крајот. Дали Хурем ќе успее да ја спречи играта на Шах? Каква важна одлука донесува Мустафа? Каква катастрофална грешка прави Хурем?
    Одговорите на сите прашања ќе ги дознаете во новата епизода на Величествениот.



    Facebook Comments