• ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ - Преглед на 90 епизода



    Хурем Султан сака да го запре ефектот на црната магија. Решението за ова доаѓа од Фахрије за која таа мисли дека е предавник. Мустафа му дава пари на Јаничарите во Маниса, а Сулејман станува лут поради тоа. Студени ветрови почнуваат да свират помеѓу нив. Со цел да се скрши силата која ја има Хурем во харемот, Шах Султан тргнува во акција. Но кога Хурем ја дознава локацијата на изгубеното злато, таа го гледа тоа како шанса за да се ослодоби од двете, Хатиџе Султан и Шах Султан.

    Со ефектот на црната магија, нејзиниот живот се претвора во кошмар. Хурем се обидува да ги запре ефектите од магијата. Таа мисли дека Фахрије Хатун е предавник, па затоа ја следи. Фахрије Хатун добива наредба од Шах Султан да убие некого во харемот, но кога се обидува да го стори тоа, таа се соочува со големо изненадување.

    Шах Султан не е среќа поради силата која Хурем ја има во харемот. Таа го прави својот прв напад со цел да ја придобија контролата во харемот а со тоа Хурем добива голем удар. Хатиџе дознава дека богатството кое што беше во сопственост на Ибрахим, сега се продава на аукција. Кога таа се обидува да купи се, вниманието е доведено до неа.

    Работите во Маниса почнуваат да се комплицираат. Со поддршката на Барбароса, Мустафа му дава пари на војниците кои штотуку се вратиле од поход. Веста која пристигнува до Сулејман, воопшто не го прави среќен. Дали неговиот син сонува за престолот?

    Малкочоглу дознава дека Рустем Паша го напишал писмото на Михримах во негово име. Михримах повторно се надева. Таа го чека Малкочоглу, а нејзината љубов од детството и одговара неа. Малкочоглу, конечно го дава долго очекуваниот одговорот кој таа го чека.

    Хурем е нападната во харемот, а Рустем Паша пристигнува за да и помогне.

    Рустем кој е во потрага за златото, конечно му пристигнува информацијата која што тој долго ја чекаше. Тој ги става Шах Султан и Хатиџе Султан во стапица!


    http://www.facebook.com/MY.Velicestveniot


    Facebook Comments